Сообраќајот се одвива нормално, наместа по влажни коловози

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

На патниот правец Кратово – Пробиштип, забраната за тoварни моторни возила и автобуси е укината и сообраќајот се одвива нормално.

На патниот правец Радовиш – Конче има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента и е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.