![kovacevski vasko meri](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/kovacevski-vasko-meri.jpg?resize=619%2C565&ssl=1)
Мери Ковачевска, сопруга на директорот на државната компанија ЕСМ, Васко Ковачевски преку социјалните мрежи бара девојки за работа во бутик во новоотоворениот трговски центар Ист Гејт мол.
Ковачевска на 6 септември на Фејсбук најавила наскоро отворање на бутикот во Ист Гејт мол, по што во коментари добила голем број честитки и желби за успешен почеток и работа.
На социјалните мрежи се објавува дека и ова семејство е меѓу познатите во политиката кои дојдоа до локал во трговскиот центар.
Претходно во медиумите беше објавувано дека синот на Петре Шилегов во Ист Гејт мол има кафуле, а со локал таму се обезбедил и емотивниот партнер на министерката за образование и наука Мила Царовска.