
Дали Љуба Цилкова – директорката на психијатриската болница-Негорци го издала боледувањето на Катица Јанева? Нашите извори од СЈО ја потврдуваат оваа информација, но на ПР службата во обвинителството Јанева им рекла дека боледувањето и го издал матичен лекар, објавува 24.мк
Цилкова е сопруга на Методи Цилков, кој е вработен токму во обвинителството со кое раководи Јанева. Оваа информација за вработувањето на Цилков ја потврдија и официјално од СЈО. Цилков работи како доставувач од први април 2016-та година, пишува порталот.