Сопружници од Битола се вратиле од Занзибар со ковид-19, ќе се испитува дали е африкансиот вид

Сопружници кои патувале во Занзибар, Африка се позитивни на ковид-19. Двајцата веќе се сместени  во болница. Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената  во Скопје.

Според информациите што ги објавија медиумите, тие симптомите на вирусот ги пројавиле два дена пред враќањето во земјава.

Струшката болница веќе испратила мостри за утврдување на видот на вирусот.

Занзибар како туристичка дестинација стана актуелен за патување и одмор на граѓаните во последните месеци бидејќи за престој таму не се бара ПЦР тест за ковид-19.

Туристичките агенции велат дека интересот е мал но сепак има граѓани кои сакаат да патуваат на овој остров.