Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против Д.Џ. на 44 и Д.Џ. на 36 година, двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.
Осомничени се дека на 29-ти април годинава во Гевгелија, во правен субјект од Гевгелија, првопријавената, во присуство на второпријавениот, нејзин сопруг, пуштила во оптек две фалсификувани банкноти во апоени од по 20 евра.