Сопственикот на Олимпијакос заразен со коронавирусот

Сопственикот на атинскиот фудбалски клуб Олимпијакос и на медиумската куќа „Алтер его“, Евангелис Маринакис, преку социјалните мрежи соопшти дека е заразен со новиот коронавирус

„Познатиот вирус ме ‘посети’ и сметав дека имам обврска да го објавам тоа. Добар сум, со оглед на тоа дека ги преземам сите неопходни мерки и сум дисциплиниран за упатствата од лекарите. Истото им го препорачувам и на моите сограѓани. Побрзо оздравување за сите нас’, напиша Маринакис на социјалните мрежи.

Маринакис е познат грчки бизнисмен, бродосопственик, сопственик и на англискиот фудбалски тим Нотингем Форест, како и на весниците медиумската куќа „Алтер его“, што ги издава весниците „То Вима“, „Та неа“, но и телевизијата „Мега“, која откако ја купи, минатиот месец одново почна со работа по пауза од четири години кога беше затворена.