Сопственикот на Zara до 2020-та има намера сите свои брендови да ги продава преку интернет

Шпанскиот синџир од продвници за облека „Inditex“, кој е сопственик на брендот Zara, планира најдоцна до 2020 година да го пресели продаватањето на сите свои брендови на интернет, вклучително и на оние пазари на коишто немаат ниедна физичка продавница.

Поттикнат од новите продавници кои продаваат облека исклучително преку интернет, како Boohoo.com и Missguided, сега најголемиот синџир од продавници за облека во светот и пионер на концептот за ткн брза мода, одлучил да развива нови технологии, здруживајќи ги силите со технолошките компании и тестирајќи нови методи за управување со резервите.

Така, извршниот директор Пабло Исла за новинарите во вторникот во Милано најави дека системот за порачки на облека преку интернет и покривање на овие порачки со залихите од физичките продавници ќе го прошири на сите 96 земји во коишто „Inditex“ има физички продавници. Неговите брендови ги вклучуваат Pull&Bear, Massimo Dutti, Bershkа, Stradivarius, Oysho и Uterque, а се продаваат преку мрежата од речиси 7.500 физички продавини. Интернет продажбата е организирана на 49 пазари.

„Сакаме модните колекции да бидат достапни на сите наши корисници, ширум светот. Дури и на пазарите на коишто во моментов не постојат нашите физички продавници“, истакнал Исла.

Компанијата „Inditex“ минатата година забележала скок на онлајн продажбата за 41 отсто, со удел на овој канал за продажба во вкупните нето приходи на ниво на групацијата од 10 отсто. Тоа значи дека шпанската компанија сé уште каска зад одредени конкуренти, како што е шведски H&M кој остварува речиси 12 отсто од вкупните проходи со продажбата на интернет.