Сопственикот пронајден мртов во опожарена куќа во Кичево

Во саботата рано утрото околу 4м45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на 79-годишниот Т.Ј. од Кичево, настанал пожар.

При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата, соопшти СВР Охрид.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.