ЕВН и ПроКредит банка започнаа нова соработка преку која сите бизниси во државата ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит банка за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН. Кредитната линија е наменета за сите правни лица и е со стимулативната каматна стапка од 3 проценти и 0 отсто провизија при исплата на кредитот.
На тој начин, како што велат од ЕВН, корисниците ги надминуваат двата најголеми предизвици – потребата од професионална и квалитетна услуга, како и извор за финансирање на проектот. Позитивните ефекти од инсталација на фотоволтаични системи, додаваат, се повеќекратни и затоа одлуката за ваква инвестција е голем чекор за секоја компанија.
-Трошоците за електрична енергија може да се намалат и над 30 отсто, вишокот произведена енергија може да се пласира на пазарот, а поврат на вкупната инвестиција може да се очекува за шест до осум години. Покрај финансиското олеснување на долг рок, компаниите придонесуваат и за намалување на емисиите на CO2 во воздухот и ја покренуваат свеста за одржливи проекти во земјата, прачуваат од ЕВН и нагласуваат дека нашата земја има повеќе од 280 сончеви денови годишно и производство на еден фотоволтаик може да достигне до 1500 киловат часови годишно што е далеку над европскиот просек.
Заинтересираните компании за услугата на ЕВН може подетално да се информираат во Инфо центарот во ГТЦ, или на [email protected], а за кредитната линија на ПроКредит банка компаниите на [email protected] или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање еко проекти преку телефонот 02/ 2 446 000.