Француската министерка задолжена за европски прашања, Натали Лоазо, во средата вечерта за мрежата RTL изјави дека го блокирала проширувањето на Европска унија со Македонија и Албанија.
„Кога бев министер за европски прашања, го блокирав проширувањето со Албанија и со Северна Македонија“, пришува во твитот кој Лоазо го објави на својор микроблог.
« Lorsque j’étais ministre chargée des Affaires européennes, c’est moi qui ai bloqué l’élargissement à l’Albanie et à la Macédoine du Nord.»#RTLMatin pic.twitter.com/3k6F2L4zbb
— Nathalie Loiseau (@NathalieLoiseau) May 22, 2019
Лоазо во февруари ја посети Македонијаи уште тогаш порача дека не е доволен само Преспанскиот договор за отпочнување преговори на земјава со ЕУ.
Преспанскиот договор ги отвори вратите на НАТО, но што се однесува до ЕУ, Северна Македонија треба да ги исполни неопходните критериуми за реформи во клучните области. Одлуката за отпочнување на преговорите ќе биде донесена едногласно од 27-те земји членки на Унијата, изјави француската министерка за европски прашања Натали Лоазо на 26 февруари во Скопје.
Натали Лоазо ја предводи лисата на партијата на францускиот претседател за европските избори и важи за една од најблиските соработнички на Емануел Макрон.