Граѓанската иницијатива „Македонски манифест“, упати отворено писмо до македонските државни институции и граѓани.
Ви го пренесуваме интегрално:
Киднапирањето на граѓанскиот сектор во Република Македонија не е скорешна болка на македонското општество. Со години наназад, чадорот невладини организации на соросовото „отворено општество“ преставува скапо платена и брендирана герила која работи против националните интереси на Република Македонија. Со пет милиони долари годишно добиени од светскиот милијардер и берзански шпекулант Џорџ Сорос, активистите на „отворено општество“, дејствуваат како политичка партија која затскриена зад флоскулите „граѓански права“, „слобода и демократија“, всушност ја тераат политичката агенда на нивниот финансиер чии интереси воопшто не се поклопуваат со македонските, ВО ПРВ РЕД, СО Зачувување на нашето Име/идентиутет. Напротив, политичките апетити на Сорос се во координација со одредени вашингтонски центри на моќ.
Во Соросовата мрежа невладини организации ниту постои слобода на говор, ниту демократија.
Не беше така одамна за да заборавиме како дејствуваше добро платената соросова медиумска фабрика за време на терористичкиот напад во кумановската Дива населба. Со невидена жестина соросовите портали ширеа лаги, шпекулации и манипулации само за да создадат немир и паника кај македонските граѓани, но и да нанесат штета на македонската држава и нејзините безбедносни сили кои дадоа жртви за да спречат катрастрофа како онаа во Париз или Брисел. Не помалку агресивни беа и во политичката злоупотреба на убиството на старецот во мариовското село Маково. Нивната хистерична кампања за „антиквизација“ на Македонија одеше во прилог само на грчките национални интереси. Со наметнатиот поим ,,антиквизација,, тие сакаа да внесат шизофрен расцеп во македонското битие и да го отсечат од неговиот праизвор. Тоа, пак, што СДСМ ја прифати соросовата „антиквизација“ е нивни личен интерес и . Тоа им го урниса рејтингот меѓу македонските граѓани што е најдобар доказ за штетноста на оваа кампања од која корист имаше само грчката шовинистичка политика.
Македонските граѓани мора да знаат дека странските пари секогаш имаат сопствен интерес. За туѓи бели дворови, си
копаме црни гробови, Затоа воопшто да не ве чуди што дејствувањето на соросовите активисти речиси секогаш се поклопува со ставовите на странските амбасадори и светските центри на моќ, а против македонските национални интереси.
Во Македонија веќе не може да се појави автентична граѓанска иницијатива, а да не биде киднапирана од соросовата герила и злоупотребена за политички цели. Нивните „обоени револуции“ се секаде исти и никогаш не донеле мир и стабилноист, туку политички хаос, дестабилизиција и илјадници жртви. И сето тоа за нечиј туѓ профит и политичка корист. Сакаме ли и ние да звршиме како Египет, Сирија и Украина? Затоа, воопшто не зачудува што во сè повеќе земји ширум светот се забранува политичко-финансиската деструктивност на соросовите активисти и нивното „отворено општество“, кое пак општество, всушност е затворен Соросов калифат во кој идеолошки дејствува, диктатурата на западниот материјалистички либерализам.
Македонски манифест инсистира државните институции на Република Македонија да ја укинат активноста на Соросовите деструктивни активности, бидејќи е повеќе од очигледно дека тие долго време се насочени против македонскиот суверенитет и идентитет.