Соседско дерби на Филип Втори

Во чест на трагижно починатиот директор на фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски, денешните и утрешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига, ќе стартуваат со едноминутно молчење.

Новото, 22. коло од Првата МФЛ, ќе стартува со дерби натпреварот помеѓу директните ривали за шампионската титула, но истовремено и „соседи”, Работнички и Вардар.

Далеку поголеми проблеми околу здравствениот билтен има предводникот на “црвено-црните”, искусниот руски стручњак, Сергеј Андреев кој повторно ќе ги нема да располагање услугите на Филип Ивановски, а на полесна повреда се жали и крилниот напаѓач Драган Ѓоргиев.

Право за настап нема Мите Цикарски кој заработи директен црвен картон на претходниот првенствен дуел против екипата на Пелистер, а поради посериозна повреда, Андреев не може да смета ниту на првиот голман, Игор Павловиќ.

Најголема опасност пред голот на Работнички би требало да биде Антонио Бујчевски, кој пак не одигра ниту една минута на претходните два натпревара од националниот шампионат.