Составот на Италија за дуелот за Македонија ќе има најголеми промени во одбраната

Италијанските медиуми врз база на тоа што го гледаат на тренинзите, го прогнозираат составот на Италија кој утре ќе истрча на дуелот со Македонија.

На голот стандардно ќе биде Џиџо Донарума, а одбраната ќе претрпи најмногу промени.

Леонардо Бонучи поради повреда е надвор од стројот, а се очекува да му биде даден одмор и на Кјелини кој штотуку се врати од повреда.

Џовани Ди Лоренцо и Леонардо Спинацола се отсутни поради повреди, па се очекува Алесандро Флоренци и Емерсон Палмиери да бидат на бековските позиции. Централно би требало да се Џанлука Манчини и Алесандро Бастони.

За разлика од одбраната, другите линии се постандардни и полесно предвидливи.

Во средниот ред треба да бидат Николо Барела, Жоржињо и Марко Верати. А нападот ќе го сочинуваат Берарди, Имобиле и Инсиње.

Веројатниот состав на Италија (4-3-3): Донарума, Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон, Барела, Жоржињо, Верати, Берарди, Имобиле, Инсиње.