Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 167.751 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 6.456, а оздравени се 76.598.

– Во Италија за 24 часа починаа дури 368 луѓе од коронавирус, со што вкупниот број на жртви достигна 1.809, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита. Од вчера се регистрирани нови 3.590 заразени случаи, чиј број се зголеми на 24.747.

– Во Србија дозна попладнево се потврдени уште два случаја на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 48, соопшти српското Министерство за здравство.

– Германија ги затвори границите и со земјите од Бенелукс.

– Ирската Влада донесе одлука за затворање на ноќните клубови и кафулињата до 29 март.

– Владата на Кенија воведе забрана за патувања откако се потврдени уште два нови случаја на коронавирус.

– Италијанскиот архитект Виторио Греготи, познат по проектот на Олимпискиот стадион во Барселона во 1992 година, почина на 92-годишна возраст од коронавирусот.

– Холандија од утре ги затвора сите училишта во земјата до 6 април поради опасност од ширењето на Ковид-19.

– Крузер на британската компанија Fred Olsen Cruise Lines, „MS Braemar“ со петмина заразени со Ковид-19 и 600 патници се движи на отворено море и бара место да се закотви, откако бил одбиен од неколку карипски пристаништа. Бродот моментно се наоѓа на околу 25 километри од Бахамите и чека дозвола од локалните власти да му достават храна, гориво и лекови.

– Данската држава ќе им плати 75 отсто од платите на работниците поради коронавирусот, но под неколку услови.

– Уште 14 луѓе починаа од коронавирус во Велика Британија во последните 24 часа, по што вкупниот број на жртвите изнесува 35. Заразени се вкупно 1.372 лица.

– Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 1.394 и сега изнесува 5.627.

– Во Австрија доцна попладнево е соопштено дека има вкупно 860 потврдени случаи на инфекција со коронавирусот.

Подгорица – Сите воспитно-образовни установи во Црна Гора од утре ќе бидат затворени на најмалку 15 дена поради ширењето на коронавирусот во светот, иако во таа држава официјално не е потврден ниту еден случај на зараза со Ковид-19.

– Во Србија се регистрирани два нови случаја на заболени од коронавирус, со што бројот на заразени се зголеми на 48.

– На територијата на Косово бројот на заразени со коронавирусот се зголеми за нови четири случаи и сега има вкупно девет.