Состојбата на Џонсон без промени

Британскиот премиер Борис Џонсон ја минал изминатата ноќ на одделот за интензивна нега во лондонската болница „Свети Тома“ и неговата здравствена состојба е непроменета, објавија британските медиуми во вторникот утрото.

Личната борба на премиерот Борис Џонсон со коронавирусот ја тресе британската влада, токму во периодот кога земјата, според провените на експертите, влегува во можеби најтешката седмица од епидемијата.

Џонсон на 27-ми март објави дека е заразен со коронавирусот и беше во самоизолација во Даунинг Стрит до неделата, кога итно беше пренесен во болницата, поради тоа што симптомите не се повлекуваа ниту по десет дена. Во понеделникот вечерта, бепе пренесен на одделот за интензивна нега, бидејќи состојбата рапидно му се влошила

Извори од болницата „Свети Тома“ за британските медиуми велат дека Џонсон добил кислород, но дека бил свесен и оти не е ставен на респиратот.

Додека премиерот е под интензивно лекување, во владата ќе го менува министерот за надворешни работи, Доминик Рааб. Кралицата Елизабета Втора е информирана за ситуацијата, објави Бакингемскиот дворец.

Портпаролот на Џонсон во понеделникот не сакаше да одовори на прашањето дали премиерот има воспаление на белите дробови, но неговото преместување на интензивна нега доволно зборува за тежината на ситуацијата. Здравствените експерти кои ги контактирале медиуми, велат дека неме сомнение оти Џонсон е многу болен.

Светските челници, меѓу кои американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот Емануел Макрон, му посакаа на Џонсон брзо закрепнување. Брзо опоравување на Џонсон му посака и Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос  Гебрејесус.

„Мислам на мојот пријател Борис Џнсон вечерва и лично и во име на СЗО му испраќам најубави желби во неговата борба против коронавирусот“, напиша Тедрос на Twitter.

Трамп изјави дека е многу вознемирен од вестите за Џонсон.

„Сите Американци се молат за негово закрепнување. Тој е навистина добар пријател. Тој е навистина нешто многу специјално, силно, решителн, тој не се откажува”, рече Трамп во понеделникот вечерта на брифингот за новинари во Белата куќа.

Додаде дека побарал од две водечки компании да контактираат со службените лица во Лондон и да се распрашаат за терапии, кои би можеле да бидат корисни, пренесува АП.

„Кога ќе ве стават на интензивна нега, тоа станува многу, многу сериозно со оваа конкретна болест“, истакна Трамп.