Состојбата со мигрантите на јужната граница под контрола. Како што информираат од полицијата од македонска страна се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата. Предност при пропуштањето имаат поранливите категории.
На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група мигранти.
Поради обилните дождови пропуштена поголема група мигранти
Состојбата со мигрантите на јужната граница под контрола. Синоќа поради обилните врнежи македонската полиција на дивиот премин на македонско грчката граница пропуштила поголема група мигранти додека вчера во текот на денот пропуштани се ранливи групи на мигранти, односно повредени и мигранти со мали деца, пренесува МИА повикувајќи се на информации од претставници на УНХЦР.
За денес најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти
Во текот на вчерашниот ден вкупно пет воза со мигранти се упатија од железничката станица во Гевгелија кон Табаноце, а утринава во 5 и 15 часот уште еден воз со 300 мигранти заминал од Гевгелија за Табановце.
Од Железничката станица во Гевгелија посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти, а патниците од меѓународниот воз кој сообраќа од Белград до Солун утрово со автобус се упатија кон Грција.
Следниот воз за Табановце се очекува да пристигне околу 10 часот. Утрово, како што информира МИА, на железничката станица во Гевгелија има околу 200 до 300 мигранти.
Мигрантите кои доаѓаат најчесто се од Сирија, Авганистан, Ирак, пакистан, Сомалија, Палестина, Конго, Бангладеж, Нигерија, Камерун, Еритреја, Етиопија.
До вчера на вкупно 41.595 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.