SoundEdge со нова песна „Знај“ (ВИДЕО)

Скопскиот бенд SoundEdge промовираше видео запис за новата песна, насловена како „Знај“.

Оттука натаму, со целосна страст работиме заедно на концептот на поинаков звук што треба да го наследи првиот албум и ги склопуваме коцките на SoundEdge Volume 2, информираат од бендот.

Песната е снимена и миксана во SoundEdge студио, а мастерирана од D E X Y Records-Шведска.

Групата во 2014 година, ја основаа Симеон Спировски и Александар Лазаревски.