Совет на Европа: Oпстојуваат „сиви зони“ во борбата против корупцијата во Франција

Групата држави против корупцијата (Греко) на Советот на Европа во денеска објавениот извештај нагласуваат дека во Франција опстојуваат „сиви зони“ во борбата против корупцијата и го повикаа Париз да направи повеќе напори за спречување на корупцијата во рамките на извршната власт, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

–Зголеменото очекување на граѓаните за примерност на членовите на извршната власт (…) е очигледна во Франција“, инсистира во својот последен извештај долг 71 страница антикорупциското тело на Советот на Европа – ГРЕКО, со седиште во Стразбур.

Сепак, остануваат „сиви зони за кои што се потребни дополнителни напори“, и покрај „позитивните“ случувања, како што се креациите на француската агенција за борба против корупцијата (АФА), Високиот орган за транспарентност на јавниот живот (ХАТВП) ) или оној на Националното јавно обвинителство, забележува извештајот.

„Потребна е поголема транспарентност“, особено во однос на „контактите меѓу извршната власт и групите на интерес, така што нивното влијание „врз одлуките  да биде појасно“, вели Греко, кој препорачува дека „ членовите на извршната власт, вклучително и претседателот на Републиката,  „известуваат јавно и во редовни интервали за лобистите со кои се сретнале и за прашањата за кои разговарале“.

Греко го поздравува неодамнешното усвојување на планот за откривање и спречување на ризикот од корупција „во рамките на министерствата“, но препорачува негово проширување „до кабинетот на претседателот на Републиката (…), кој не е поштеден од ризикот од корупција “.

Пријавите за имотот и интересите на претседателот на Републиката исто така треба да бидат „испитани по неговото влегување во функција со цел да се избегне секаков можен судир на интереси“, се сугерира во извештајот, според кој министрите за кои постои сомневање дека биле подложени на корупција, не треба повеќе да им се суди од страна на Судот на правдата на Републиката, „составен од половина парламентарци“, туку од „друг независен и непристрасен … суд“.

Ел Греко повикува „да се развие сеопфатна стратегија за спречување на корупција“ во рамките на полицијата и жандармеријата, со „безбедносни проверки“ организирани низ целата кариера за да се процени „личната состојба на агентите , за да се избегне нивната ранливост од корупцијата.

Според извештајот, француското законодавство за заштита на укажувачите треба исто така да се подобри, практиката покажа  дека неговата имплементација е „сложена“ и „не е целосно ефикасна“.