-0.2 C
Skopje
четврток, ноември 28, 2024

Советничка на Општина Крушево почина од коронавирусот

Педесет и четиригодишната советничка на општина Крушево, Агапи Чункоска, наставничка и работник за влашката култура во Крушево во неделата попладнето ја загуби битката со коронавирусот.

Веста ја потврди градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку фејсбук статус во кој напиша:

„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот.

Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево.

Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.

Сочуство до семејството“.

Нека почива во мир.“