
Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар.
Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.
Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја дава Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не може да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл.
На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022)“.
Станковиќ е ангажиран како ПР на Советот за реформи на правосудството од април минатата година. Тој добива месечен хонорар од 30.000 денари.
Целата сторија на следниот ЛИНК.
Во кабинетот на премиерот Зоран Заев има трите категории ангажирани советници/ соработници.
Како посебни советници се наведуваат 13 лица
- Тања Чачарова Илиевска, посебен советник за правда;
- Дане Талески, посебен советник за надворешни работи;
- Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Цвета Ласкова, посебен советник за култура;
- Драган Јованов, посебен советник за животна средина и просторно планирање;
- Љупка Цветкова, посебен советник за администрација;
- Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции;
- Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност;
- Фидан Колев, посебен советник за транспорт и врски;
- Рубин Земон, посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации;
- Љубе Бошкоски, посебен советник за странски инвестиции;
- Фатмир Битиќи, посебен советник за спроведување на Рамковниот договор;
- Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт.
Десет лица се именувани на позицијата советник:
- Мила Станемова, советник за комуникација со министерствата;
- Зоран Бојаровски, советник за медиумски реформи;
- Илија Жупановски, советник за истражувања и анализи;
- Весна Коваческа Трпческа, советник за информативни активности;
- Иванна Хаџиевска Кошевалиски, советник за протоколарни активности;
- Олимпија Христова Заевска, советник за меѓународна економија и развој;
- Ивана Јордановска, советник за соработка со меѓународни организации;
- Христијан Ѓоргиевски, Советник за односи со Собрание на РМ и законодавство;
- Светлана Силјановска, Советник за организација на настани;
- Сања Богатиновска, советник за истражувања и анализи;
Како надворешни соработници , Заев има ангажирано дури 33 лица:
- Мерсел Биљаљи, надворешен соработник за подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи.
- Исмет Рамадани, надворешен соработник за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО.
- Ванчо Узунов, надворешен соработник за економски прашања.
- Зоран Башановиќ, надворешен соработник за економски прашања.
- Александар Обрадовиќ, надворешен советник за економски прашања за соработка на со земјите од регионот.
- Џезаир Шаќири, надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот.
- Фатмир Бесими, надворешен соработник за економски прашања и координација за економски раст.
- Ѓорѓи Калајџиев , надворешен соработник за комуникации и односи со јавност.
- Филип Андов, надворешен соработник за креирање политики од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.
- Владимир Цветковиќ, надворешен соработник за ИКТ.
- Александар Спасов, надворешен соработник за креирање на јавни политики.
- Даниел Димевски, надворешен соработник за прашања во областа на спортот и унапредување на спортот.
- Спасе Додевски, надворешен соработник за унапредување на образование, здравство и социјална зштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост,
- Андреј Манев, надворешен соработник за урбанистичко планирање и градежништво.
- Владо Димовски, надворешен соработник за економски прашања.
- Горан Стаменковски, надворешен соработник за социјална политика.
- Зоран Иванов, надворешен соработник за градежништво.
- Абилгафар Рамадани, надворешен соработник за странски инвестиции.
- Горан Николовски, надворешен соработник за политичко економски состојби во регионот на земјите од Голфскиот залив.
- Митко Андреев, нзработка на Анализа за информација со податоци и изготвување извештај на елаборат од областа на енергетиката.
- Aљаф Бакхатијар, надворешен соработник за економски прашања за соработка со Блиски исток.
- Зијад Беќировиќ, надворешен соработник за економски прашања земји од регионот.
- Џелил Ахмед, надворешен соработник за традицијата, верските и културните идентитети на заедниците.
- Џабир Доко, надворешен соработник за комуникација со медиуми и односи со јавност.
- Љубомир Шубара, надворешен соработник за финансии, банкарство и инвестиции.
- Драгиша Милетиќ, надворешен соработник за меѓуетнички односи и соработка меѓу заедниците.
- Миле Зечевиќ, надворешен соработник за адвокатски услуги.
- Алиса Дограмаџиева Живановиќ, надворешен соработник за политичко-економски односи на подрачје на САД.
- Дејан Николовски, надворешен соработник за институции меѓу општините и Владата.
- Мирослав Грчев, надворешен соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво.
- Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана.
- Зоран Гавриловски, надворешен соработник за биро за застапување на земјата пред ЕСЧП.
- Силвио Аврамовски, надворешен соработник за економски прашања и зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски исток.