Советничката група на Коалицијата за подобра Македонија не учествуваше во работата на советот на општина Велес на вчерашната седница.
Ваквата одлука советниците како што велат ја донеле од спроведувањето на политички прогон од страна на власта, координаторот на советничката група Александар Колев потенцира дека во моментов неправедно се во притвор луѓе кои во учеството имале само една цел, а тоа било одбраната на суверенитетот и државноста на Македонија.
„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразува силен и јасен протест против ваквите „станилистички“ политики и водењето на политиката во Македонија. Советничката група ја изразува својата поддршка кон оние кои во овој момент се политички прогонувани од страна на власта. За нас функционирањето на системот мора да биде базирано врз демократски процедури, а не врз своеволие и демострирање на нагон, такви методи не памети ни во периодите на најголемите режими и ова мора да престане“, истакна Колев.