Компанијата „БРИГАДА ДИЗАЈН“ од Скопје без тендер, во четири очи, добила две јавни набавки со вкупна вредност 2.632.815 денари (42.810 евра) за наводно организирање на некакви настани за потребите на Фондот за иновации и технолошки развој – открива Економски Лидер.
Во продолжение следува темата на Лидер.мк
Договорите се потпишани од страна на Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Се чини нема крај во скандалите за оваа државна институција, ако се земе предвид дека пред само неколку месеци излезе скандалот со доделувањето на грантовите на компании на функционери на власта.
Освен што сите анализи покажуваат дека 42.810 евра се премногу за организирање на обични мали настани и промоции – кои воопшто не се наведени во договорите со „БРИГАДА ДИЗАЈН“ па не може да знаеме дали воопшто се случиле – скандалозно е и тоа што вкрстените проверки на Економски Лидер во Централниот регистар и УЈП покажуваат дека компанијата е поврзана со заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.
Сопственикот на „БРИГАДА ДИЗАЈН“ е советник во Град Скопје и бизнис партнер на Јани Макрадули
По сите скандали кои излегува во јавноста, делува како Фондот за иновации да е претворен во каса за испумпување на државни пари кои потоа завршуваат дирекно во џебовите на функционерите на владејачката партија.
Проверката во Централниот регистар покажува дека сопственик и директор на „БРИГАДА ДИЗАЈН“ е Бојан Ивановиќ, советник на владејачката СДСМ во Град Скопје и истовремено косопственик на здружението „СМАРТ АГЕНДА“каде што покрај него, во централниот регистар како сопственик и овластено лице стои и името на Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.
Ивановиќ првпат стана советник на последните локални избори, а важи за човек кој долги години е дел од владејачката СДСМ. Проверката во Управата за јавни приходи покажува дека неговата компанија во изминатите две години е постојано во загуба, но, да ја дочекаме завршната сметка за наредната година каде поради приливот на државни пари во четири очи, со договори за недефинирана дејност, можеби ќе се прикаже и одреден профит.
Фотографиите кои Ивановиќ ги има споделено на неговиот фејсбук профил, потврдуваат дека тој бил дел и од Шарената Револуција, но во исто време, постојано споделува и пропаганден материјал на СДСМ, по што се поставува прашањето, дали можеби овие средства му се доделени од Фондот за иновации, за да се искомпензираат услуги за партијата?
Целата тема и документите можете да ги најдете на ЛИДЕР