Советот за безбедност при Обединетите нации во неделата ја одржа третата итна седница за израелско-палестинскиот судир во една седмица, но повторни без успех во усогласувањето на заедничката декларација и предлог кој брзо би водел при запирање на насилствата.
Очекувано, виртуелната седница на Советот за безбедност при светската организација стана сцена на меѓусебни обвинувања на Палестинците и Израелците.
Паралелно со седницата, 15-те земји членки на Советот за безбедност продолжија да преговараат за заедничката декларација со којашто би повикале на прекин на непријателствата и да ја потврдат приврзаноста на решението на израелско-палестинскиот конфликт со две држави кои би постоеле една крај друга, Израел и Палестина врз основа на претходните резолуции на ОН.
Меѓутоа, повеќе дипломати кои зборувале за агенцијата AFP, рекле дека САД инсистираат во одбивањето на секаква заедничка декларација, а таквиот став бил неразбирлив за многуте американски сојузници. Во изминатата седмица Вашингтон самиот, поради правото на вето, отфрли две заднички изјави кои ги предложија три членки на Советот за безбедност Кина, Норвешка и Тунис.
Безумен циклус на теророт
„Тоа е помалку чудно кога ќе помислиме на очекувањата коишто ги имавме сите откако Америакнците се вратија на мултилатералната диполамтија. Мислам дека САД сакаат да ја демонстрираат релевантноста во Советот за безбедност во ситуациите како што е оваа“, рекол еден амбасадор за AFP под услов да остане неименуван.
Кинескиот дипломат Ванг Ји изрази жалење поради „американската опструкција“ во постпаката на прифаќање на заедничката декларација.
„Советот за безбедност мора да преземе мерки и поради опструикцијата не една земја …. (Советот) не е способен да зборува единствено“, изјави Ванг Ји и го повика Вашингтон „да ја преземе одговорноста“ во ОН.
Неделната седница на Советот за безбедност беше отворена, а претходните две по барање на САД се одржани зад затворени врата, САД се противеа и на денешната седница и бараа повторни да биде одложена до вторникот.
Американската амбасадорка при ОН, Линда Томас-Гринфилд на седницата повика на „запирање на циклусот на насилства“ и тврдеше дека САД „неуморно работат“ за да се обидат да го запрат овој судир се се постигне „одржлив мир“.
Отворајќи ја седницата, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го предупреди Советот за безбеност на ризикот од избувнување на „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“ во регионот, доколку брзо не биде постогнат прекин на огнот.
„Овој безумен циклус на пролевање крв, терор и уништувања мора веднаш да престане“, рече Гутереш.
Ваквите повици главно ги повторуваат и другите амбасадори во излагањета во неделата, од Русија до Тунис, Норвешка или Тунис, пренесува AFP.
Претставникот на Нигер во Советот за безбедност побарал на „Палестинците да им се признае подеднаквото право“ коешто му се признава на Израел, алудирајќи на „правото на самоодбрана“.
Од понеделникот палестинските милитантни групи предводени од Хамас истрелале повеќе од 3.000 ракети од Појаспот Газа на зираелската територија, од кои според израелската војска барем 500 паднале во Газа а до 90 отсто од другите биле пресретнати од противракетниот систем „Челична купола“. Израел, пак, наведе дека во неговите воздушни и артилериски удари биле гаѓани околу 1.500 цели во Газа.
Во израелските напади во густо населената Газа загинале најмалку 192 Палестинци, од кои 58 деца, според зравствените служби во енклавата. Израел објави дека загинале 10 негови граѓани, од кои две деца.
Хамас започна со ракетирањата на Израел во понеделникот, по повеќенеделните тензии во пресрет на судското рочиште на кое требаше да биде донесена одлука за деложирање на неколку палестински семејства од квартот Шаик Џара во источен Ерусалим од нивните домови на кои право полагаат изралески доселеници, како и поради судирите на израелските полицајци со младите Палестинци на платото пред џамијата Ал Акса, која е третото најсвето место за муслиманите.