Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот повика на истрага за масовните гробници откриени во близина на болниците во палестинската енклава Појасот Газа.
Последните седмици беа отркиен масовни гробници со неколку стотици тела во близина на болниците „Насер“ во Кан Јунис и „Ал Шифа“ во градот Газа.
Минатиот месец, канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, која се потпира на податоците и доказите кои ги доби од палестинската цивилна одбрана, соопшти дека некои тела биле пронајдени со врзани раце.
Болниците и другите здравствени установи имаат право на посебна заштита според меѓународното хуманитарно право.
Од израелската страна велат дека неосновани се обвинувањата дека израелските сили закопале тела на Палестинци. Според израелските власти, израелските војници само ги пребарувале масовните гробници во потрага по израелските заложници.
„Советот за безбедност на Обединетите нации повикува на итна, независна, целосна, сеопфатна, транспарентна и непристрасна истрага за масовните гробници откриени во близина на здравствените установи Насер и Ал Шифа во Газа. Мора да има одговорност за кршење на меѓународното право.“, се вели во соопштението на британската мисија во ОН.