Во натпреварот од последното тррето коло од Групата Ф на Светското првенство во Доха, мароканските фудбалери ја совладаа Канада со 2:1 (2:1) и се пласираа во осминафиналето по 36 години, а истовремено во Ал Рајан селекциите на Белгија и Хрватска одиграа без голови, што за „Црвените ѓаволи“ значеше елиминација од турнирот а за „Коцкестите“ тешко и среќно изборено осминафинале.
За Мароканците погодија Хаким Зиех во 4 и Јусеф ен-Несири во 23 минута, додека автогол постигна Најеф Агуерд во 40 минута.
Мароканците беа првата африканска селекција што ја мина групата на Светското првенство во далечната 1986 година а сега, по 36 години, тоа го направија по вторпат во Доха. Мароканците се први во групата со две победи и едно реми во групата со второ и третпласаираните селекции од последното Светско првенство во Русија и успеаја да добијат полесен противник во осминафиналето, а на 6-ти декември ќе играат против второпласираните од Групата Е.
Северноафриканскиот тим ги искористи грешките на канадскиот голман Милан Борјан, кој со два погрешни грешки ги „почести“ Мароканците со два гола. Канаѓаните беа видно шокирани од една неверојатна грешка при првиот гол во четвртата минута, а во вториот дел, во кој практично немаше шанси, пропуштија неверојатна можност во 72 минута, која можеше да им донесе историски, прв бод на Светското првенство.
На самиот почеток од натпреварот, во 4 минута, стадионот „Тумама“ експлодираше по катастрофалната грешка на голманот Борјан. Во неопасна ситуација требаше да ја исфрли топката надвор од својот шеснаесетник, но практично му ја додаде на Зајех на десетина метри, кому не му беше тешко да ја погоди празната мрежа. Голманот на белградска Црвена ѕвезда не се прослави ниту во 23 минута кога не го покри својот поблизок агол по продорот и ударот на ен Несири, кој се избори за топката меѓу двајца канадски дефанзивци.
Двата примени гола делуваа депресивно за Канаѓаните кои беа безопасни, но сепак намалија со несреќниот автогол на Агуердо во 40 минута. Од левата страна Адекугбе упати ниско додавање, а дефанзивецот на Вест Хем го смени правецот на топката со што го измами голманот Боно. Изненадувачко, но ова беше првиот автогол на ова Светско првенство.
Во судиското надополнување, ВАР-от го поништи голот на ен Несири поради недозволена позиција. Во 72 минута беше неверојатно што промашија Канаѓаните. Атиба Хачинсон одлично скокна на центаршутот од корнер и упати удар со глава но ја погоди гредата, топката се одби на гол-линијата, а во продолжението од акцијата ннискиот дефанзивец Џонстон со глава од само еден метар ѓутираше преку гредата.
Хрватските фудбалери одиграа 0:0 против Белгија во последниот натпревар од групата и благодарение на тешко извојуваниот бод го освоија второто место кое ги води до победникот од Групата Е. Во првите 60 минути Хрватска остави подобар впечаток и беше поблиску до погодокл, но во последните половина час Белгијците опасно се заканија, најмногу преку Ромелу Лукаку, кој влезе во игра во вториот дел. Среќата и добрите реакции на последната одбранбена хрватска линија, во која Јошко Гвардиол повторно беше одличен, ја оставија Хрватска „жива“ и меѓу 16-те најдобри репрезентации кои ќе останат во борбата за светската шампионска титула.
Селектрот Златко Далиќ реши да го испрати истиот стартен состав кој го носеше главниот товар на победата над Канада (4:1) во решавачкиот меч од групната фаза, со двојниот стрелец Андреј Крамариќ првично на десното крило и Марко Ливаја како централен. напаѓач. Во однос на дуелот со Мароканците, Роберто Мартинез направи голем пресврт во офанзивниот дел на својот тим. На клупата останаа браќата Еден и Торген Азар, Миши Батшуаји, а во стартниот состав ги заменија Леандро Тросард, Јаник Караско и Дрис Мертенс. Од средниот ред поради жолти картони отсуствуваше Амаду Онана, па Кевин Де Брујне доби нешто поодбранбена улога. Леандер Дендонкер беше вметнат во стоперска линијата, а Тимоти Кастанж зазеде позиција на левото крило.
Десет секунди беа потребни за хрватските фудбалери да го упатат првиот удар кон белгискиот гол. Иван Перишиќ ја прими топката по левата страна од шеснаесетникот, реши да шутира „од прва“ од левата страна, но неговиот удар не беше доволно прецизен за да изнуди интервенцијата на Тибо Куртоа. Веќе една минута подоцна Матео Ковачиќ дојде пред шеснаесетникот, додаде до Андреј Крамариќ, но двојниот стрелец против Канада не успеа да најде простор за удар кон голот, па пропадна една ветувачка ситуација пред белгискиот гол.
По десет минути од почетната надмоќ на хрватската селекција, Белгија се закани со брзи и опасни контранапади. Во 11 минута Јаник Караско додаде по левата страна, но Јосип Јурановиќ успеа да го одбие неговиот удар од шеснаесетникот. Само две минути подоцна уште поопасно се закани Дрис Мертенс. Белгискиот капитен Кевин Де Брујне со одлична топка го исфрли во фор, а Мертенс од 15 метри непречено ја испрати топката преку гредата.
Во 15 минута Хрватска беше најблиску до погодок, откако судијата Ентони Тејлор досуди пенал откако Јаник Караско го нагази Андреј Крамариќ во шеснаесетникот. Меѓутоа, по двеминутната проверка на ВАР-от, англискиот арбитар ја погледна снимката и заклучи дека на почетокот на акцијата која доведе до пеналот, Дејан Ловрен со рамо бил во офсајд позиција, па ја преиначи својата одлука. .
И покрај неповолниот исход во таа спорна ситуација, со оглед на тоа што официјалната снимка од задниот дел на Ловрен покажуваше нешто што беше невозможно да се види со голо око, во преостанатото време во првото полувреме, Хрватска беше таа која имаше контрола врз случувањата на теренот, но не изгради особено опасни соитуации пред голот на Куртоа. Ударите или завршуваа во белгискиот блок или не беа доволно прецизни. Марко Ливаја беше најблиску во 33 минута по одличното нафрлување на Борна Соса, но од десетина метри со глава ја испрати топката над пречката.
Белгија возврати со потенцијално опасен напад во 42 минута. Дендонкер се втурна по десното крило, ја испрати топката во петерецот, но таму немаше никој од соиграчите. На спротивната страна Соса шутираше од 18 метри во 45 минута, но беше непрецизен. Во судиското продолжение Перишиќ малку задоцни на центаршутот на Крамариќ, а во продолжението на акцијата Јурановиќ од работ на шеснаесетникот ја испрати топката преку гредата.
На почетокот на вториот дел Мартинез го замени Дрис Мертенс со Ромелу Лукаку, а најдобриот белгиски напаѓач,. кој на крајот излезе најголем трагичар, првпат шутираше кон голманот Ливаковиќ во 48 минута. Нафрлувањето од десната страна беше проследено на втората статива, каде Лукаку беше највисок во скокот, но и Ливаковиќ беше добро поставен и лесно ја прими топката во прегратка.
Две минути подоцна, на другата страна мораше да реагира и Тибо Куртоа. Јошко Гвардиол се најде во улога на играч од средниот ред, проигрувајќи го Матео Ковачиќ кој шутираше под гредата, но белгискиот голман уште еднаш бравиурозно одбрани. Во 54 минута видовме слична акција, само што Ливаја и Ковачиќ приредија прилика за удар на Брозовиќ, но Куртоа успеа да ја одбие топката, а во продолжението на акцијата дојде и топката.
Во 60 минута Хрватска преживеа тешка ситуација. Де Брујне ја испрати топката до Караско, кој следен од Јурановиќ втрча во шеснаесетникот, хрватскиот играч успеа да го блокира ударот на Караско, но топката се одби до Лукаку кој несфатливо само од десетина метри ја погоди стативата на празниот гол. Во 62 минута Белгија имаше нова шанса за гол. Де Брујне нафрли од левото крило, Ливаковиќ ја промаши топката во обид да „боксува“, а Лукаку со глава од близина несфатливо го префрли повторно празниот гол. Но веројатно погодокот немаше да биде признаен, бидејќи на снимката јасно се гледаше дека пред нафрлувањето топката излезе надвор од теренот.
Далиќ ги направи првите замени во 64 минута. На местото на Крамариќ влезе Марио Пашалиќ, а Ливаја го замени Бруно Петковиќ. Токму напаѓачот на Динамо создаде можност во 68 минута. Лука Модриќ натрча на неговиот центаршут од десната страна, дојде на 11 метри, но неговиот удар со десната нога не беше доволно силен за да го совлада Куртоа, кој лесно го одбрани ударот на соиграчот од Реал. Нова ветувачка акција на Хрватска имаше во 76 минута, кога Бруно Петковиќ од левата страна влезе во шеснаесетникот, но наместо шут избра додавање, а на неговата повратна топка немаше ниден негов соиграч. Во 78 минута Перишиќ тргна во контранапад следен само од Вертонген и кога се чинеше дека успеа да го мине пред да влезе во шеснаесетникот, белгискиот стопер сепак успеа да го запре Перишиќ и да го спречи да се обиде со удар.
Во 87 минута повторно хрватските навивачи живеева во зголемен стрес. По неколку лоши реакции во хрватската одбрана, Белгијците почнаа опсада околу шеснаесетникот. Томас Муние упати висока топка кон шеснаесетникот, каде што се наоѓаше Ромелу Лукаку, од чија потколеница се одби од топката и мина крај левата статива од голот на Хрватска. Три минути подоцна, Доку ја измеша десната страна на хрватската одбрана и префрли на спротивната крилна позиција каде што беше Торген Азар. Неговиот центаршут во шеснаесетникот малку го изненади Лукаку, од кога топката се одби, а Ливаковиќ успеа да ја запре пред таа да ја мине гол-линијата.
Во втората минута од судиското продолжение Јошко Гвардиол ја спаси мрежата на Хрватска со лизгачки старт пред Лукаку, „симнувајќи“ му ја топката од копачката на само три метра од голот.
Хрватска успеа да се одбрани, не прими гол, а тоа значеше дека вторпат по ред се пласираше во осминафиналето, додека турнирот завршо за третопласираната репрезентација од СП 2018 во Русија.