СП Катар: Енрике го објави списокот без Рамос и Пике

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, во петокот го објави конечниот список од 26 играчи на кои смета за Светското првенство во Катар (20 ноември – 18 декември), на кој не се Серхио Рамос и Жерар Пике.

Енрике на списокот го вклучи младиот Анси Фату, но и некои искусни ѕвезди како Серхио Бускетс, Уго Гијамон, Жереми Пино, Педри и Гави, но ги изостави ветераните Рамос и Пике.

Шпанија е во групата Е со Германија, Костарика и Јапонија

Шпанија, список на играчи:
Голмани: Унаи Симон (Атлетик Билбао), Роберт Санчез (Брајтон и Хоув Албион), Давид Раја (Брентфорд).

Одбрана: Цезар Аспиликуета (Челзи), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерик Гарсија (Барселона), Уго Гијамон (Валенсија), Пау Торес (Виљареал), Емерик Лапорте (Манчестер Сити), Жорди Алба (Барселона), Хозе Гаја (Валенсија).

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Родри Ернандез (Манчестер Сити), Гави (Барселона), Карлос Солер (ПСЖ), Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид), Педри Гонзалес (Барселона), Коке Ресуррекион (Атлетико Мадрид).

Напаѓачи: Феран Торес (Барселона), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Жереми Пино (Виљареал), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Пабло Сарабија (ПСЖ), Дани Олмо (РБ Лајпциг), Ансу Фати (Барселона).