Саудискиот напаѓач Фахад ал-Мувалад е отстранет во неделата од националната репрезентација „поради предострожност“ поради кршење на антидопинг прописите, објави Саудискиот фудбалски сојуз (SAFF), без да се наведат повеќе поединости.
Во соопштението за јавноста сојузот објави дека „превентивно“, селекторот на „Зелените соколи“, Ерве Ренард, „реши да го исклучи играчот од списокот за учество на Светското првенство, и го повика играчот Навафа ал-а-Абед да го замени“.
Саудиското антидопинг тело го суспендирал играчот на 18 месеци од крајот на март поради позитивен тест на „фуросемид“, диуретик кој прикрива присуство на анаболици, а се наоѓа на листата забранети производи на Свеската андидопиншка агенција (AMA). Но санкцијата неодамна ја намали саудиското арбитражно тело, што требаше да му овозможи да учествува на Светското првенство, пишуваат саудиските медиуми.
Поранешниот 28-годишен напаѓач на Џеда ал-Итихад, ал-Мувалад, потпиша за клубот ал-Шабаб од Ријад и потенцијално беше стартер во првата екипа на Саудиска Арабија која во Катар на 22-ри ноември против Аргентина ќе го отвори мундијалот.
Играше на Светското првенство во 2018 година во Русија, по што без многу успех беше позајмен на шпанскиот клуб Леванте.