Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис ван Гал, го објави списокот од 26 играчи кои ќе ја претставуваат земјата на Светското првенство во Катар, а на него е повредениот напаѓач на Барселона, Мемфис Депај, но не искусниот голман Јаспер Силесен.
Меѓу новите имиња е 19-годишниот играч од средниот ред на ПСВ Чави Симонс кој сѐ уште нема ниеден настап во дресот на А репрезентацијата, но од годинешниов премин од ПСЖ во Ајндховен импресионираше со своите игри постигнувајќи осум погодови на 13 првенствени дуели.
Единствено изненадување на списокот е отсуството на 33-годишниот искусен голман Јаспер Силесен, кој во летниот преоден рок од Валенсија премина во НЕЦ Најмеген, со што се обиде да си ги зголеми шансите да замине во Катар. Сепак, Ван Гал реши како трет голман да го земе 39-годишниот Ремко Пасвер од Ајакс, кој годинава во А репрезентацијата дебитираше само на два натпревара во Лигата на нации.
Холандија е во Групата А со домаќинот Катар и селекциите на Сенегал и Еквадор.
Составот на Холандија за Светското првенство во Катар
ГОЛМАН: Џастин Бијлоу (Феенорд), Андрис Ноперт (Херенвен), Ремко Пасвер (Ајакс Амстердам)
ОДБРАНА: Нејтан Аке (Манчестер Сити), Далеј Блинд (Ајакс), Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Дензел Дамфрис (Интер), Џереми Фримпонг (Баер Леверкузен), Матијс де Лихт (Баерн Минхен), Тајрел Маласија (Манчестер Јунајтед), Јуриен Тимбер (Ајакс), Стефан де Вриј (Интер)
СРЕДИНА: Стивен Бергуис (Ајакс), Френки де Јонг (Барселона), Дејви Класен (Ајакс), Теун Купмајнерс (Аталанта), Мартен де Рун (Аталанта), Чави Симонс (ПСВ), Кенет Тејлор (Ајакс)
НАПАД: Стивен Бергвијн (Ајакс), Мемфис Депај (Барселона), Коди Гакпо (ПСВ), Винсент Јансен (Антверпен), Лук де Јонг (ПСВ), Ноа Ланг (Клуб Бриж), Воут Вегерст (Бешикташ).