СП кошарка: Аргентина супериорна во дуелот со Франција

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Во неделното финален дуел на Светското првенство во Кина ќе се сретнат кошаркарите на Аргентина и Шпанија, единствените две селекции кои досега не се поразени на турнирот, откако Шпанците во првото полуфинале во петокот ја совладаа Австралиај по две продолженија со 95:88, додека Аргентина беше надмоќна во второто полуфинале над Франција со 80:66.

Соочувањето на репрезентациите кои во четврфиналето ги елиминираа првите фаворити Американците и Србите им припадна на одличните Аргентинци, кои одиграа блескав натпревар и потполно ги запреа Французите.

Иако пред дуелот беа аутсајдери, Аргентинците беа многу подобри особено во првото полувреме кога ги изненадија Французите кои во овој период од играта имаа несфатливо голем процент на промашени ткн отворени шутеви. Аргентина на полувремето замина со „плус 7“ (39:32), во кои брилјираше Луси Скола кој уште тогаш оствари „дабл-дабл“ учинок од 13 коша и 10 скокови. Во 26 минута предноста на „Гаучосите“ се зголеми на 15 коша разлика (55:40), а во последанта четврдина Французите влегоа со резултатоско заостанување од 48:60. Последбната делница беше одбележана со нервоза и цврсти одбрани со малку постигнати поени. Но Аргентинците на три минути пред крајот со две врзани „тројки“ на Скопла имаа голема предност од 74:59 којашто ја сочуваат до крајот.

Кај Аргентина најдобри беа Луис Скола со 28 коша и 13 скокови, Габриел Дек со 13 и Факундо Кампацо со 12 поени од кои три „тројки“ и 7 скокови. Кај Франција, пак, предводеа Френк Н’китилина и Еван Фурние со по 16 коша, додека Руди Гобер постигна само три поена.

Аргентина еднаше била светски првак, во 1950 година а има и едно сребро, додека Франција во колекцијата медали од големите натпреварувања има само бронза од минатиот „мундобаскет“.