Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека од утре, среда (8.04.2020 год) согласно одлуката на Владата за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.
Јавниот превоз нема да функционира од петок (10.04.2020 год) од 16 часот, до понеделник (13.04.2020 год) до 5 часот.
Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.
Утре, среда (8.04.2020 год), јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред.
Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.