Од утре сите студенти што ги исполнуваат условите за користење годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година, во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник (казна), соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Оттаму додаваат дека во замена за билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.
– ЈСП Скопје, поради актуелната ситуација со Ковид-19, им излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот. Во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи до 28 февруари, односно до 31 март – велат од ЈСП.
Денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот вид билет.