Космичките туристи ќе мора да почекаат до средината на следната година, а можеби и подолго на патување околу месечината со бродот на компанијата Space X, објави Wall Street Journal во понеделникот.
Новата програма за лет – сега одложена до средината на 2019 година и веројатно до подоцна – компанијата од Калифорнија се уште не ја објавила, иако првиот лет беше закажан за карајот на 2018 година.
Причината за одложување не е јасна, но „се вели дека техничките и производствените предизвици ги пореметиле плановите на основачот, Елон Маск за истражување на Сончевиот систем во кој ќе учествува и човекот, додава весникот.
Туристите ќе патуваат до Месечината во капсулата „Змеј“, која ќе ја носи најмоќната SpaceX ракета Falcon Heavy, која пред само четири месеци беше успешно лансирана.
Портпаролот на Space X, Џејмс Глисон во соопштението за печатот изјави дека компанијата „не се откажува од планираното испраќање на патници околу Месечината и дека расте интересот на клиентите за оваа форма на туризам.
Тоа би бил прв ваков лет по завршувањето на американската мисија на Аполо во раните 1970-ти години и најоддалечената точка во длабочината на вселената до која дошол човекот.