СПАЛ го запре Јувентус

Фудбалерите на СПАЛ, кои се борат за опстанок во Серија А, приредија во саботата големо изненадување во средбата од 29-то коло од италијанското првенство одигрувајќи на свој терен 0:0 против актуелниот шампион и моментно водечкиот на табелата Јувентус.

СПАЛ така ја прекина низа од 12 последователни победи на торинската „Стара дама“, којашто со Наполи се бори за титулата, но ја продолжи низата од 19 мечеви без примен погодок. Освен што му помогна на Наполи кој заостанува на табелата зад Јувентус во моментов пет бода но има и меч помалку, СПАЛ освои важен бод во борбата за опстанок и сега е на 17-то место со 25 бодови.

Јувентус доминираше во текот на целиот натпревар во Ферара, но не создаде премногу шанси за погодок.

Во претходно одиграниот меч Сасуоло на гостувањето го совлада Удинезе со 2:1. Головите за гостите ги постигнаа Аил Анднан, автогол во 42 минута и Стефано Сенси во 74 минута, додека за домашните стрелец беше Секо Фонтана во 44 минута. Сасусоло моментално е на 14-то место со 27 бодови, а Удинезе е 11-ти со 33 бодови.

Во недела се играат натпреварите: Сампдорија – Интер, Беневенто – Каљари, Кротоне – Рома, Верона – Аталанта, Милан – Киево, Торино – Фиорентина, Лацио – Болоња и Наполи – Џенова.