Спалети доби клоца од челниците на Зенит

Трофејниот инталијански стручњак, Лучијано Спалети од пред неколку часа повеќе не е тренер на рускиот прволигаш Зенит.

Како предводник на моментално вицешампионот на Русија, Спалети ја освои шампионската титула во 2010 и 2011 година, а доминацијата на Зенит беше прекината изминатата сезона кога шампионскиот пехар заврши кај фудбалерите на ЦСКА од Москва.

Вината за неочекуваниот отказ, Спалети може да ја побара во непријатниот пораз од Борусија од Дортмунд во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, а неговиот тим освои само еден бод во последниот првенствен натпревар против апсолутниот аутсајдер, екипата на Том Томск.

Раководните лица на Зенит потврдија дека поранешниот играч за врска, Сергеј Семак е веќе именуван за нов тренер и дека престижната функција ќе ја извршува до крајот на актуелната сезона.