Мигел Анхел Ибара од Шпанија, речиси две децении лажно се претставувал како свештеник. Тој венчавал, крштевал деца и исповедал гревови.
Римокатоличката епархија во Шпанија открила во понеделникот и тој е разрешен од службата во Католичката Црква.
Ибара ги извршувал должностите на свештено лице прво во Колумбија, а потоа и во јужна Шпанија, иако никогаш не се запопил.
Според објавата на црквата, свадбите и крштевките ќе бидат признаени, но не и исповедта што ја слушал лажниот свештеник.
Инаку, Ибара беше откриен откако бил уапсен во Колумбија за фалсификување документи.