Шпанија го претвора кубанскиот долг во инвестиции за да им контрира на САД

Шпанската влада најави дека ќе ги претвори околу 375 милиони евра кубански долг во вложувања, со што му се спротиставвуа на амариканскиот закон кој отвора можност за тужби за запленет капитал и истовремено создава услови за јакнење на економските односи со својата поранешна колонија.

САД со минатонеделното повторно активирање на ткн Хелмс-Бартонов закон им овозможува на граѓаните подигнување тужби против странски компании и поединци кои ја користат нивната сопственост, запленета на Куба.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со тоа повторно го зајакна притисокот врз Хавана, отстапувајќи од политиката на претходните американски администрации кои со суспендирањето на законот настојуваат да ја поттикнат демократизацијата на Куба и да ги подобрат односите меѓу двете земји.

Европската унија го нарече овој потег незаконски, тврдејќи дека ја поткопал довербата во транс-атлантското партнерство.

Шпанската влада во вторникот продолжи да го претвора кубанскиот долг во инвестиции, така ќе им додели пари на домашните компании, без обврска да ги вратат, за финансирање на вложувањата во кубанската економија.

Вложувањата ќе бидат насочени во проекти кои шпанските и кубанските власти ќе ги оценат за приоритетни за економијата на оваа кариспка островска земја. „Melia Hotels International“, „Barcelo“ и „NH“ се само некои од шпанските компании кои многу инвестирале во Куба.

„Новиот фонд претставува добра вест. Ќе ни овозможи да ги продолжиме да ги развиваме инвестициите на шпанските компании на Куба и да ја зајакнеме врска“, изјави шпанската министерка за индустрија, трговија и туризам Рејес Марото во Хавана.