Шпанија може да го употрени законот да ја суспендира каталонската автономија

Шпанија може да ги искористи своите уставни овластувања и да ја суспендира автономијата на Каталонија доколку регионалниот парламент прогласи независност, изјави министерот за правда во понеделникот, по референдумот кој се одржа во неделата и покрај забраната од Мадрид.

Според членот 155 од шпанскиот устав, централната влада може да ги суспендира автономните овластувања на покраините.

„Членот 155 е тука. Ќе го примениме законот во целост. Нашата обрска е да ги решиме проблемите и ќе го сториме тоа, дури и доколку посилните мерки би можеле да заболат. Но, ако некој прогласи независност, мораме да му кажеме дека тоа не може“, изјави министерот Катала во телевизиско интервју.

Каталонските челници изјавија ноќта дека 90 отсто од оние кои учествувале на референдумот за кој Мадрид рече дека е незаконски, а неуставен го прогласи и шпанскиот уставен суд.

Каталонската влада објави дека резултатот од референдумот го отвора патот парламентот еднострано да прогласи независност од остатокот од Шпанија.