Италијанската морнарица спасила повеќе од 500 мигранти, меѓу кои 133 биле деца, а 64 биле жени, јужно од Сицилија, соопштуваат новинските агенции.
Мигрантите биле во два рибарски чамци, кога ги зафатило невреме. Хеликоптерите поради лошите временски услови го прекинале спасувањето, кое е најавено дека треба да продолжи во текот на денешниот ден.
Мигрантите биле претежно од Сирија, Египет и Бангладеш.
Во текот на оваа година, на италијанскиот брег пристигнале повеќе од 36.000 мигранти.