Спасено е мече во Маврови Анови

Утрово, по повик од Центарот за управување со кризи, ренџерите на Националниот парк Маврово спасиле заглавено мече на дрво во двор на викендица во Маврови Анови.

Мечето, најверојатно исплашено од лаењето на бездомните кучиња, успеало да им избега и да се качи на дрвото.

Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само слегло од дрвото и отрчало кон блиската шума, информираат од ЦУК.