Спасески во посета на тетовскиот крај на спортските објекти кои ги гради АМС

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески беше во
посета на тетовскиот крај за да се информира околу градежните активности на спортските објекти кои се градат во тој крај од страна на Агенцијата за млади и спорт.Од увидот кој го направи директорот Спасески, констатираше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба.

Најпрвин од посетата на спортската сала на Државниот Универзитет во Тетово, директорот Спасески констатираше дека градежните активности се во фаза на бетонирање на трибинскиот простор и изведување на ѕидарски работи на салата, додека од градежните активности на повеќенаменското игралиште во с.Ратае, Јегуновце констатираше дека градежните активности се во фаза на асфалтирање и изведбата на повеќенаменското игралиште се очекува да биде готова во предвидениот рок,односно до крајот на месец мај.

Исто така Спасески направи увид и на повеќенаменското игралиште во с.Челопек, Брвеница кое игралиште штотуку се заврши се изгради и во наредниот период откако ќе се изврши технички прием ќе биде пуштено во употреба.

Изградбата на спортската сала во Тетово е од проектот “35 спортски сали низ државата” и со тоа ќе се овозможи услови за спортување на студентите од Државниот универзитет во Тетово и на граѓаните од Тетово.

Изградбата на повеќенаменските игралишта е од проектот “100 повеќенаменски игралиштa низ целата држава” и се со димензии 45 на 28 метри. Игралиштата ќе може да се користат деноноќно и ќе бидат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење. Ќе бидат опремени со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка и ракомет. Игралиштата ќе бидат заградени и осветлени за спортување и одигрување на натпревари во ноќните часови.