Спасевска: Бараме задолжително учество на граѓанската група во креирање на законот за учебниците

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржува протест кој започна од МОН, продолжи до Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Иницијативата се залага против донесувањето на новиот Законот за учебници за основно и средно образование.

Од пред Владата на Република Македонија предводничката на иницијативата, Драгана Спасевска истакна дека институциите не сакаат да ги слушнат нивните барања.

„Тргнете ја вашата лоша политика, на страна до нашите деца. Баравме, бараме и ќе бараме задолжително учество на претставници од граѓанскиот сектор во работна група кои ќе работат на новиот Закон“, рече.