
Агенцијата „Рејтинг“ пред секои избори во Република Македонија објавува анкети во полза на СДСМ.
Колку и да им е на сите јасно дека народот нема доверба во Зоран Заев и СДСМ, оваа агенција во своите анкети ги претставува како политичар и партија во кои граѓаните веруваат. И сите изборни резултати ги побиваат анкетите на „Рејтинг“.
Сопственик на агенцијата е Никола Спасов. Во слободно време овој човек, очигледно, е администратор на Фејсбук страницата на СДСМ.
На Фејсбук страницата „Тесна кожа“ беше објавен и доказ за ова.
-Се прашуваме како тоа Никола Спасов сопственик на Agencija Rejting (која „транспарнтно“ го мери рејтингот на сите политичари во земјава) истовремено ја води и официјалната страна на СДСМ, пишуваат таму.