Дербито на Градски без голови

Двата најтрофејни македонски клубови Вардар и Работнички во дербито без гледачи, попладнево одиграа дерби без голови, па си освоија по еден бод во соседската пресметка во која Дарко Мицевски во 97-та минута од мечот промаши пенал за победа на црвено-црните, кој младинскиот репрезентативен голман Ристе Јанков го одбрани

Актуелниот лидер Вардар веројатно многу повеќе ќе жали за пропуштената шанса за трета пролетна победа во низа, зашто имаа шанси за победа и пред пеналот, а потоа промаши удар за три бода и од белата точка во полувремето кое мина во целосна доминација на најтрофејниот македонски клуб, за разлика од првиот дел во кој Работнички имаше повеќе позрели шанси од Вардар (три наспроти една)

Во доста интересното дерби полно со жестоки стартови и многу борба, голманите Филип Гачевски (Вардар) и Дамјан Шишковски (Работнички) беа главни на теренот, зашто успеаа сите опасни ситуации кон своите мрежи да ги одбранат, а потоа резервистот Јанков се придодаде во попладнето на голманите со одбранетиот пенал.

Јован Попзлатанов по пола час игра ја имаше најзрелата шанса сам пред Шишковски, кој му одбрани, а Гачевски спречи сигурен гол еднаш на Давид Тошевски (20-та), еднаш на Димитар Тодоровски (40), а Тошевски имаше уште една шанса пред крајот на полувремето, но премлако биеше кон Гачевски и вардаровиот голман лесно ја прибра таа топка. Ништо поинаку не се случи и во вториот дел, па во битката меѓу два шеснаесетника, Шишковски во 58-та одбрани слободен удар на Дарко Мицевски од 20-на метри, а на одбиената Попзлатанов имаше шанса од втор обид, но не погоди, а репрезентативниот голман по ударот потоа мораше да го напушти голот.

Во завршните 15-на минути, Вардар се обиде да ја искористи надмоќта за да стигне до гол, Мицевски имаше два опасни шута (77 и 85) крај голот, а Матеј Цветановски го имаше мечот во рака. Попзлатанов во 78-та продре, на пет метри асистираше, но младото вардарово крило го промаши целиот гол.

И кога сите очекуваа крај на мечот во седумте дополнителни минути, судијата Јосип Бартон покажа пенал во акцијата на Даниел Аврамовски и Бојан Колевски, по која еден фудбалер на дебармаалци ја удри топката со рака, но Мицевски не успеа да ја искористи златната шанса.

Со ова реми Вардар со меч повеќе има 11 бода повеќе од Шкендија, која утре игра со Македонија ЃП во Тетово и со триумф ќе има можност да се врати на почетните минус осум. Работнички, пак, со освоениот бод сега има 22 бода колку и Ренова и останува во опасната зона за опстанокот.

Струга Трим Лум и Силекс, како и соседското скопско дерби денеска заврши без голови, па струѓани го освоија првиот бод пролетва, а кратовци бодовно се израмнија со првакот Шкендија со меч помалку од тетовци.

ПРВА ЛИГА, 21. КОЛО (14 ЧАСОТ)

Струга Трим Лум – Силекс 0-0

Вардар – Работнички 0-0

УТРЕ

Тетово: Шкендија – Македонија ЃП

Струмица: Академија Пандев – Борец

Чаир: Шкупи – Ренова

ТАБЕЛА: Вардар 43 бода, Шкендија 32 (20), Силекс 32 (21), Македонија ЃП 29 (20), А. Пандев 27 (20), Шкупи 25 (20), Струга ТЛ 25, Ренова 22 (20), Работнички 22, Борец 20 (20).