Додава дека во тој момент почувствувал загрозениот и започнал да вози.
-Продолжив право и ги поминав семафорите кај Партизанска и застанав кај следните семафори кај фабриката Треска. Во меѓувреме веднаш кога тргнав забележав дека лицето кое што го нападна моето возило и кое што на некој начин се обиде да ме извади од возилото со цел физички да ме нападне влезе во возилото кое што возеше позади и продолжи да ме следи. Застанаа кај фабриката Треска, најпрво излезе едно лице и започна да тропа по совозачките вратри и се обиде да ги отвори и се закануваше. Веднаш потоа излезе уште едно лице кое што се обиде да ја отвори возачката врата, објаснува Спасов.
Во тој момент почувствував опасност по мојот живот и безбедност и се обидов да им побегнам.
-Свртев десно по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и пред Веро 2 повторно свртев десно во обид да ги избегнам. Бидејќи се работи за споредна улица која што е навистина тесна и на која што има паркирано многу возила бегајќи од напаѓачите во разминување со уште едно возило се нарави мал контакт. Сакам да и се извинувам на госпоѓата на чие возило нанесов минимална штета. Жалам поради таквиот настан и ќе ја надоместам причинетата штета. Да бе околностите други со сигурност ќе застанев, но бев бркан и следен и од непознати лица продолжив да возам и веднаш позади Катастарот за станав излегов од возилото и забележав дека две возила се паркираат позади моето возило. Од првото возило излегоа лица со огнено оружје со пиштоли во рака а од второто лицата кое ме следеа и кои ме нападна два пати на две раскрсници. Се обидов да разговарам со лицата со оружје. Наеднаш бев нападнат, беше применета сила и бев турнат над возилото кое го управував, беше вперен пиштол во мене. До сега сум немал работа со криминалци и со ништо не сум заслужил ваков однос да биде вперен пиштол во мене. Неколку моменти потоа се приближи и застана полициско возило од десната страна и во тој момент напаѓачот кој впери пиштол во мене се повлече. Следеше период во кој што дојдоа многу лица, дел од нив во униформа а повеќето неуниформирани. Дел од нив и ми се закануваа. Во една таква тензична атмосфера каде прво бев следен и во два обиди сакаа да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат, потоа се обидов да бегам и бев нападнат од лице кое впери пиштол во мене. Покрај тоа врз напаѓачите не беа превземани никакви мери, односно само следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме заклучив дека се работи за криминално полициска конструкција за смислена местенка која има за цел да го наруши мојот углед и штета врз мене и имаше опасност по мојот живот. Токму поради тоа се одлучив да го напуштам местото, објасни Спасов.