Спасовски aпелира на висока свест и одговорност за Ковид-19

Премиерот Оливер Спасовски денеска повторно апелираше до сите граѓани да се почитуваат мерките за спречување на ширењето на Ковид-19. Апелираше и до родителите да не дозволуваат децата да бидат надвор и заедно бидејќи со тоа не ги штитат.

-Кога одлучивме да ги затвориме кафулињата, рестораните, беше токму заради тоа да не се собираме навечер бидејќи навистина јавната свест во овој дел не е на некое високо ниво. Секој смета дека јас нема да бидам тој што ќе пренесува. Сега имаме затворање на рестораните, кафулињата по 18 часот. Гледаме дека и преку ден не се почитуваат до крај препораките. Затоа МВР преку ден вчера превентивно укажуваше на секој еден кои се во групи, дали се во паркови, дали се на улици… Меѓутоа знаете што се случи синоќа, се тоа што беше затворено во градот, преминаа и отидоа на Водно. Апелирам сега тука и до родителите. Не може да има одговорност ако родителите дозволуваат децата да бидат надвор и повторно да бидат заедно. Со тоа не ги штитат ниту децата, ниту сите нас. Затоа апелираме на една голема свесност секој граѓанин да ги почитува пртепораките, изјави Спасовски.

Во однос на граничните премиени, ние направивме забрана за влез на странски државјани од сите високо ризични земји во Република Северна Македонија, дека имаме ограничување на пет гранични премиени каде што може да доаѓаат граѓани и наши и странски државјани од високо ризичните, и средноризичните земји.

-Препораката до македонските државјани е задолжително да останат во 14 дневна изолација, апелирам на висока свест, на одговорност. Јас знам дека можеби секој од нас размислува поинаку, меѓутоа ако не мислиме секој на себе и на сопственото здравје, тогаш да мислиме дека можеме да пренесеме вирус на некој друг, на некој близок, и да направиме еден широк ланец кој ќе предизёвика несогледливи последици, изјави Спасовски, додавајќи дека одлуките се носат секојдвено и доколку се процени дека има потреба може да се донесе одлука генерално за забрана на влез.

Факт е дека нашите државјани не можат да останат надвор од земјата, но тој уште еднаш го повтори апелот оние што се од земјите во ризик подобро е да останат таму во изолација и да помине оваа ситуација отколку да се движат низ неколку држави и да дојдат во Северна Македонија.

Запрашан за „заглавени“ македонски државјани конкретно во Малта поради откажување на летовите на Визер, Спасовски рече дека

-Ние носиме одлука и се однесува на странците од високоризичните групи. Нашите дрќавјани можат да се вратат без разлика од која држава доаѓаат но мора да бидат во самоизолација 15 дена. Тоа какви одлуки носат другите држави тоа се одлуки кои мора да ги почитуваат сите, изјави Спасогвски. За тоа дали може да има се помогне некако, премиерот рече дека ќе ја следат ситуацијата преку МНР, но не може да заминат од таму бидејќи немаат летови.

За транспортерите разговараме и на регионално ниво и пошироко.

-Ги почитуваме тие заеднички принципи пред се на виоведување на посебни мерки за заштита на возачите се со цел транспортото на роба, нафетмни деривати да оди нормално, рече Спасовски.

Министерството за транспорт и врски комуницира со сите држави за нашите возачи кои се затекнати таму, истакна Спасовски, додавајќи дека идејата е да се направат протоколи според кои заштитено и безбедно ќе можат да се движат сите камиони, да се одвива нормално товарниот транспорт. Секоја од државите, вели тој, воспоставува свој протокол на дезинфекција.

Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за луѓето кои биле во викендици во дебарско е информиран Кризниот штаб, што треба да процени дали тие луѓе ќе останат таму или не. Доколку се процени дека не може да излезат ќе останат таму, и ќе бидат снабдени со сите потребни намирници.