Операторите повикани кај Спасовски на итен состанок за наоѓање решение со кое би се избегнал медиумскиот мрак.
Дознаваме дека итно во Владата денеска се повикани претставници на операторите на средба на која треба да се најде решение за излез од ситуацијата што беше предизвикана од избрзаното усвојување на измените во Законот за медиумски услуги со кој на операторите им се наметнува одредба која е неприменлива, затоа што ги става во состојба да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да сносат кривична одговорност.
Дознаваме и дека за изнаоѓање на итно решение веќе се заинтересирале и некои влади од влијателни членки на ЕУ кои преку своите амбасади веќе реагирале до нашите власти дека треба да се најде решение до кое ќе се дојде преку консензус меѓу сите засегнати страни и кое истовремено ќе биде во согласност со европската регулатива и практика.