Спасовски и Бубевски утре ќе одржат прес-конфренција за убиството на Вања

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (04.12.2023) во 9:30 часот, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство ќе одржат прес- конференција.

Ги покануваат заинтересираните медиуми да присуствуваат на прес конференцијата. Воедно, МВР известува дека работните средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север, кои беа закажани за утре, се откажуваат.