Канабисот од два тони украден од складиштето во Јосифово и однесен во Арачиново можно е да е веќе продаден, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во „Студио 10“ на ТВ24.
– Има индиции да е изнесена надвор од Македонија и да е продадена. Досега од таа кражба се пронајдени повеќе од 300 килограми, но не е најден остатокот од Јосифово. Се анализираат и се обезбедуваат докази, но истрагата не е завршена – рече Спасовски.
Тој вели дека досега откако од септември повторно е на чело на полицијата запленети се 550 килограми на марихуана која се складира во депоата на Агенцијата за одземен имот.
– Со моето доаѓање во септеври активиравме неколку оперативни акции и добро е тоа што имаме поголема ефикасност. Во Крушево се случи кражба, но марихуаната е пронајдена во непосредна близина. Досега пресечени се два меѓународни канали. Тоа се активности кои секојденвно ги работат колегите и тоа дава резултати – рече министерот.
За најавата на Заев дека ќе се дебатира за легализација на марихуаната, тој рече дека треба да се направи анализа за тоа што добиваме, а што губиме како општество.