Спасовски: Кога ќе има законска можност ќе се споделат детали за случајот Мијалков

Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство, сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави денеска министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во случајот на бегството на Сашо Мијалков.

– Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено – одговори Спасовски на новинарско прашање до каде е постапката со Сашо Мијалков, министерот Спасовски, кој утрово е во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово и на увид во градежните активности на објектот.