Спасовски: Македонија може да биде една од најпогодените земји од нови мигрантски рути

Отворена железничката линија кај Идомени, приведени над 10 имигранти

Република Македонија со својата гео-позиција во регионот може да биде една од најпогодените и, секако, најзасегнати од евентуалното „пробивање“ на нови нелегални мигрантски рути, рече во вторникот министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта

Конференцијата која се одржува во унгарската престолниена е посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западно-балканската рута. Министерот Спасовски ја потенцира и можната злоупотреба на мигрантските рути за инфилтрирање на екстремисти и безбедносните проверки на мигрантите долж западно-балканската рута.

„Соочени со новите безбедносни феномени, целокупните безбедносни капацитети на нашата држава во континуитет се насочени кон спречување на заканите и опасностите кои произлегуваат од поддржувачите на тероризмот, фокусирајќи се на превенција и спречување на финансирање на терористичките активности, следење на сомнителните трансакции, спречување на перењето пари и можно регрутирање на потенцијални извршители на терористички активности во земјата и странство“, рече Спасовски.

Оцени, исто така, дека е потребно, со цел да се воспостави подобра контрола и спречување трансфер на потенцијални терористи меѓу мигрантите, воведување унифицирани механизми за превенција и контрола; размена на информации; водење заеднички случаи преку заеднички тимови; формирање заедничка база на податоци.

„Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот. Но, истовремено мораме да бидеме и свесни дека не можеме да се луксузираме со безбедноста и сугурноста на нашите граѓани и на нашите држави. Потребен е ефективен, функционален баланс којшто ќе ги анулира овие две крајности“, рече министерот Спасовски.